Повик кон Еврокомисијата за да ги почне преговорите со Македонија за нејзиното членство во ЕУ, содржи резолуција на Европарламентот, која беше одобрена денеска во Стразбур, со големо мнозинство, пренесе БГНЕС.

За резолуцијата гласаа 503 европратеници, против беа 113, а се воздржаа 45. Резолуцијата беше изготвена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл. Резолуцијата требаше да биде усвоена во февруари, но поради политичката криза во земјата одобрувањето на документот беше одложено на јунската сесија на Европарламентот. Откако беше избран претседател на Собрание (македонскиот парламент) и беше формирана новата влада, Тео Вајгл веднаш поднесе предлог за гласање во пленарна сала.