Иако пред само еден месец Ирина Шајк уживаше во друштво на Том Брејди во романтичен викенд во неговиот дом во Лос Анџелес, убавата манекенка сега одмара во друштво на бившиот. Иако не е сигурно потврдено дека заедно заминале на одмор, според фотографиите изгледа дека Шајк и Бредли Купер летуваат во исто време на многу слични дестинации.
Руската манекенка на Инстаграм сподели фотогалерија во која открива како ги поминува последните денови од август, но објавените фотографии би можеле да и направат проблеми во романсата со пензионираниот спортист.
На фотогалеријата на рускиот супермодел се гледа како таа позира на карпи покрај брег, но во провокативно топлес издание. Покрај тоа, таа претходно сподели фотографија од нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер како се релаксира на кајак, а комбинацијата на Бредли Купер и многу предизвикувачко издание сигурно нема да му се допадне на Том Брејди со кој наводно е во романтична врска.
Сепак, се чини дека таа ги отфрлила можните прашања за авторството на овие слики во описот, откривајќи дека ја фотографирало лице со иницијали „Л.Б“.
48-годишниот актер и 37-годишниот модел поминаа четири години во врска, но во 2019 година раскинаа и останаа многу блиски поради нивната ќерка Леа. Токму таа ги поврзува Купер и Шајк во социјални прилики кои никогаш не изгледале како да имаат романтична основа.
И додека Ирина уживаше на одмор, Том Брејди го искористи времето да го прослави 17-тиот роденден на синот.