3,4K
Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР.
Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.
Денеска ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.