Топло до крајот на неделата со температура до 29 степени

од desk2
113 прегледи

До крајот на неделава ќе преовладува сончево и топло време со температура до 29 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од три до 11 степени.

Преодно наоблачување ќе има во петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на идната недела.