Топлотен бран во Македонија со температури над 40 степени

од Nikola Popovski
272 прегледи

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Управата за хидрометеоролошки работи извести дека од 21-ви до 24-ти јули територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Дневната температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервал од 34 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска максималната дневна температура ќе биде 37 Целзиусови степени, Маврово 29, Охрид 32, Битола и Крива Паланка 34, Берово 32, Кавадарци 38, Дојран 40.

Владата донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица

Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Работодавачите да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.

Во однос на исхраната, пак, се препорачува да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. Исто така, треба да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

Поради високите температури, од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… од 21 до 28 јули.

Според УХМР, во недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Слични содржини