Тори Спелинг: Не пијам вода, не знам како сум живa

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Тори Спелинг (51), која се прослави со улогата на Дона во серијата Беверли Хилс 90210, изненади со своите изјави во новата епизода од нејзиниот поткаст misSPELLING. Таа призна дека воопшто не пие вода и се спореди со кактус.

„Знам дека имам проблеми со внесот на течности. Отсекогаш било така“, открила таа, нарекувајќи се себеси аномалија. „Кога велам дека не пијам вода, навистина го мислам тоа. Никој не знае како сум сè уште жива. Јас сум како кактус, само ме полеваш одвреме-навреме и јас некако ќе преживеам“, додала таа.

Наместо вода – пиво од ѓумбир

Спелинг дополнително изненади велејќи дека не само што не пие вода, туку има и аверзија кон неа. Наместо вода, вели, најмногу пие пиво од ѓумбир и Dr. Pepper (газиран пијалок). „Кога и да ме видите, знаете низ што поминувам, бидејќи ако имам Dr. Pepper во раката, тогаш уживам. Ако пијам пиво од ѓумбир… работите се стресни“, истакна таа.

Според неа, нејзината одбивност кон водата најверојатно датира од нејзиното детство, кога нејзината мајка ги мешала лековите со „Кока-Кола сируп“. „Сфатив што ми дава и зошто ми дава“, рекла таа и додала дека поради тоа се плашела и од пијалоците што ќе и ги понудат другите.

„Штом ќе влезе во мојата уста, се чувствувам одвратно“

Со текот на годините, таа пробала неколку работи за да се натера да пие вода. На пример, знаела да додаде малку сок од лимон или пакување со вкус на овошје, но ништо не и помогнало.

„Штом вода ќе влезе во мојата уста, ми се гади. Лесно можам да испијам чаша вино, да речеме, за две секунди. Но, кога ќе испијам неколку голтки вода, веднаш повраќам“, опишала таа.

Слични содржини