„Функцијата на правната држава зависи од два случаи, без разлика колку се „крупни ѕверки“ во прашање. Нашиот проблем е што не градиме систем кој што самиот ќе реагира на секој случај, независно кој е сторителот. Овде имаме познати луѓе кои се во судир со системот“, вели адвокатот Александар Тортевски за емисијата „24 анализа“.
Тој потенцира дека исто така е приврзаник на американскиот судски систем, каде што ако постои опасност од бегство, судијата со одредбата за притвор, веднаш одредува и висина на кауција.
„Додека не се исполни кауцијата, обвинетиот останува во притвор. Тоа е добро решение, затоа што утре ако падне ослободителна пресудс, не му плаќаме ништо, а од друга страна, правосудството не е под притисок дека мора да го осуди тој човек. Гаранцијата од 20-25 милиони евра ќе биде доволна за да не ни бегаат обвинетите“, смета Тортевски.