Тортевски: Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, Брзата помош го пронашла Toт сам на тротоарот

од Берта Китинска
479 прегледи

Една снимка – 1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа . Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки – нефункционални семејства, домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии, вели адвокатот Александар Тортевски во Студио 10 во ворска со убиството на ракометарот Денис Тот.

-Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило, вели Тортевски.

Слични содржини