Тортевски за Мијалков: Лице што еднаш било во бегство, многу тешко добива укинување на притвор

од Nikola Popovski

Адвокатот Александар Тортевски смета дека како општество треба да се научиме да не ги коментираме одлуките на судовите.

-Тоа е основно правило на демократијата и развиение правни системи. Особено не смее коментарите да доаѓаат од претставници на извршната власт. Факт е дека пресудите се носат во име на граѓаните и одлуките треба некако да го одразуваат просечното мислење на просечниот граѓанин, вели Тортевски во емисијата „Трилинг“, зборувајќи за одлуката на Апелација да му го укине притворот на Сашо Мијалков и прифатената гаранција во износ од 11 милиони евра.

Тортевски објаснува дека гаранцијата е сума на пари, со која општеството се сложува дека обвинетиот може да избега со некој износ што го прифаќаме како ризик.

-Лице што еднаш се криело со денови или било во бегство, многу тешко добива укинување на притвор и секако да не биде толку медиумски експониран, како лицето за кое зборуваме, потенцира Тортевски.

Адвокатот смета дека ако некој си земе слобода да понуди 11 милиони евра пред судските органи, тогаш би требало да има многу самодоверба дека тој имот е легално стекнат.

Слични содржини