Тортевски: За наредните четири години за 80 проценти ќе ги намалиме сообраќајните незгоди

од Берта Китинска

Ние ќе направиме апликција во која ќе ги добиваат сите информации за градот.Ќе реализираме два проекти. Ќе го исчистме градот и ќе го поделиме градот на квартови. Ќе ставиме мониторинг камери за да се спречи уништувањето на опремата. Ќе воведеме кол-центар за пријавување на ваквите активности на граѓаните, вели за Студио 10 Александар Тортевски канидат за градоналаник на „Твоја партија“.

-Ќе направиме мобилна апликација за граѓаните да пријавуваат ѓубре. Ќе ги исчистиме депониите. Секогаш сум за тоа да се направи нешто квалитетно отколку нешто површно.Мора да го намалиме учеството на автомобилите на граѓаните, но мора прво да го подобриме јавниот превоз.  За наредните четири години за 80 проценти ќе ги намалиме сообраќајните незгоди. Ќе ги редизајнираме пешачките премини. Нема да има бркање на жолто светло, кажа Тортевски.

Слични содржини