729
Направете вкусни тортиљи со пилешко за денешниот ручек:
Состојки:
четири тортиљи
500 гр пилешко бело месо
200 гр кашкавал
две јајца
презла
домат
авокадо
масло
сол, бибер
Подготовка:
Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли, па малку „истенчете“ го со толчник за месо.
Додадете сол и бибер. Премачкајте го стекот во јајца, па во презла и пржете на загреано масло. Исечете го месото на парчиња.
Загрејте ги тортиљите во тава.
Врз секоја тортилја ставете месо, домати, авокадо и парче кашкавал.
Наредете ги тортиљите во огноотпорен сад и ставете ги кратко во рерна да се растопи кашкавалот.
Послужете топло со сос по ваш избор.
Пријатно!