Се бројат парите на Љубе Бошкоски и ѕвонат телефони во МВР, се гледа на видео снимката презентирана во кривичниот суд на рочиштето „Тортура“ предмет кој го води специјалното јавно обвинителство.

Видеото е снимано по апсењето на екс – министерот за внатрешни работи Бошкоски во 2011 година. На снимката вработените од МВР во канцеларија ги пребројуваат парите, а во меѓувреме ги запишуваат сериските броеви на еврата. Додека полициските службеници ги бројат парите постојано им ѕвонат и телефоните.
„Друже на работа сум, ќе се чуеме”, му вели вработен во МВР на соговорник.
Во случајот на СЈО Тортура како поттикнувач обвинет е поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, екс – началникот на Алфите и уште петмина припадници, со кривичното дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“./1TV