Во рамките на вчерашното 8. по ред „Ѕвездено небо“ за нашиот Тоше Проески, неговите верни фанови имаа можност први да ја слушнат неговата досега необјавена песна „Ефта пуране иконе“, односно „Седум стари икони“, чиј автор е познатиот режисер Емир Кустурица. Песната е отпеана на ромски јазик, а денеска беше објавена и на Јутјуб со интересен видео запис, во кој се прикажани кадри од снимањето на спотот за хитот „Волим осмијех твој“.
779