Тошковски: Ако еден столар може да плаќа патарина, тогаш може и секој вработен во МВР

од Nikola Popovski
351 прегледи

Срамно е еден полициски службеник да ги злоупотребува службената положба и обвластувања на ваков начин. Ако може еден столар да плаќа патарина, жена која работи во било која приватна установа или било кој македонски државјнаин, мора да плаќа патарина и секој еден вработен во МВР, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по поднесената кривична пријава за полициски инспектор кој не плаќал патарина на наплатните рампи, туку поминувал со покажување на службената легитимација.

-Не го ценам ова во насока на тоа „удри по самарот, ако не можеш по магарето“, туку на ваков начин мораме да покажеме пример дека секој треба да почитува закони и она што сме се договориле, а тоа е да плаќаме патарина, рече Тошковски во изјава за медиумите, по конференцијата на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.

Според него, колку и да изгледа дека се бориме со ситен криминал, треба да покажеме дека се бориме со она што е значајно за нашите граѓани, а тоа е да го почитуваме законот.

-Оваа кривична пријава е во насока на тоа што сакаме да го покажеме. Имало злоупотреби многу подолг временски период наназад, кажа министерот.

Слични содржини