Тошковски да поднесе кривична против директорот на АНБ, Христовски – бара СДСМ

од Nikola Popovski
23 прегледи

Опозициската СДСМ денеска преку прес-конференција го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да поднесе кривична пријва против директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

СДСМ, ова го бара, затоа што како што сметаат од партијата, Христовски при аплицирањето за прв човек во АНБ приложил сертификат за положен ТОЕФЛ од центар за тестирање во Пловдив, Бугарија, кој е непосточеки.

СДСМ потсетува дека министерот Тошковски, лично се пофалил дека за слично дело МВР поднело кривична пријава против една велешанка која со таков сертификат од истиот ТОЕФЛ центар станала директорка на општинска јавна установа.

„Пријавената прибавила меѓународно признаен сертификат (TOEFL IBT) за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р. Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.“ објавил Тошковски во април оваа година.

Сега, СДСМ бара на ист начин тој да постапи и против Тошковски.

Каде им е Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал? Бојан Христовски исто така приложил сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, а во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL.

И македонски и бугарски медиуми го потврдија ова. Значи Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ. Тоа претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.
Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се заштитени мечки и одговорност мора да има.

Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богаданка Кузеска.

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека сè е законски, зашто според него, Христовски е чесен човек. Но, ако институциите го потврдуваат случајот, тогаш тој најави дека ќе побара оставка од директорот на Агенцијата.

Слични содржини