Тошковски-Дачиќ: Добрата полициска соработка меѓу Македонија и Србија е во интерес на граѓаните на двете земји

од Nikola Popovski
113 прегледи

Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска на интегрираниот граничен премин Прешево-Табановце го пречека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со кој беа во обиколка на овој заеднички граничен премин.

Дачиќ посочил дека добрата полициска соработка во сите области, како борбата против нерегуларната миграција, криминалот и тероризмот, но и соработката во вонредни ситуации е пред се во интерес на граѓаните на двете земји.

„Ние сме на ова место, каде што има интегриран граничен премин, што е показател колку ни е потребна добра полициска соработка меѓу нашите земји. Целта на сите активности, кога станува збор за граничната полиција, е што е можно поедноставно за граѓаните да ја минат државната граница“, рекол српскиот министер, додавајќи дека Коридорот 10 е една од главните рути низ кои се одвива голема поминува број на домашни и странски државјани.

За време на обиколката на граничниот премин, министрите Дачиќ и Тошковски ја поддржале и промотивната кампања „Вози одморен“, која на овој премин заеднички ја спроведуваат Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и Советот за безбедност на сообраќајот на Македонија.

Потенцирајќи ја важноста на оваа акција, Дачиќ посочил дека во текот на летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.

„За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени“, кажал српскиот министер и ја истакнал важноста од соработката со македонската полиција во оваа превентивна акција.

Тошковски навел дека оваа билатерална посета е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете пријателски земји и му се заблагодарил на министерот Дачиќ за помошта што Министерството за внатрешни работи на Србија ѝ ја испрати на Македонија во гаснењето на шумските пожари.

-Му благодарам на министерот Дачиќ, кој беше меѓу првите министри со кои контактирав и кој прифати да ни пружи помош во гаснењето на пожарот, изјавил Тошковски, нагласувајќи дека тимот на српското Министерство за внатрешни работи својата работа ја заврши професионално и им помогна на македонските граѓани.

Слични содржини