Тошковски е синоним за чест и правда, вели Петрушевски за денешната интерпелација во Собрание

од Nikola Popovski
212 прегледи

Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста – вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ја опишува денешната интерпелација во Собранието на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според него, првиот полицаец во државата е „човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија“. За Левица вели дека се „политички шарлатани и квази-патриоти“. Петрушевски ја обвинува партијата што ја поднесе интерпелацијата дека имаат „страв од правда и одговорност“.

Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според Левица, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

-Жарко Златески – ВД командир на ПС Македонски Брод (девер на пратеничката Бисера Златеска и именуван после трагедијата во Кочани); -Братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи Наумов и Благојче Хаџи Наумов, експресно унапредени во СВР Велес (од помлад инспектор во самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски и од обичен полицаец до виш инспектор); -Сашо Петрушевски (државен секретар на МВР од ЗНАМ, кривично гонет за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување); -Ердол Рамадан – командир на ПС Ропотово, за време на владеењето на СДС и ДУИ пукаше со автоматска пушка, по што Тошковски го врати на функција (овој пат како кадар на ВРЕДИ), истакна синоќа пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.

Министерот за внатрешни работи е дециден дека МВР сега работи многу поинаку од порано, поради што граѓаните самите можеле да ја видат разликата во постапувањето. Тој посочи дека се поднесени пријави против седуммина припадници на МВР во однос на трагедијата во Кочани, но не ја исклучува можноста за ширење на истрагата во Македонија. Тошковски не се согласува со мислењето дека има „амнезија“ околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Од СДСМ веќе најавија дека како пратеничка група ќе гласаат за интерпелацијата на Тошковски. Од албанскиот опозициски блок засега се уште без конкретен став како ќе гласаат.

Слични содржини