83
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград.
-Во оваа тешка ситуација, изразуваме искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст, напиша Тошкоски на Фејбук.
Министерот додаде дека води постојана комуникација со нашите пријатели од странство, со цел обезбедување на дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза.