Тошковски: Како држава доцниме 10 години со спроведување на „Безбеден град“

Министерот за надворешни работи информира дека се намалил бројот на повредени во сообраќајки откако почна тест-фазата на „Безбеден град“

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Собрание

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска порача дека државата доцни речиси 10 години со имплементирање на системот „Безбеден град“. На седницата за пратенички прашања во Собранието, Тошковски посочи дека во последните две недели, драстично е намален бројот на тешки телесни повреди и бројот на повредени во сообраќајки со непочитување на правилата, дури и откога почна првичното тестирање на системот.

Министерот потсети дека просекот на загинати во сообраќајки во последните 15 години е 145 лица. Тошковски побара поддршка од сите функционери и политичари за спроведување на проектот.

Во врска со забелешките од граѓаните, Тошковски изјави дека сите проблеми и евентуални неправилности поврзани со функционирањето на системот „Безбеден град“, кој е во тест-фаза до први февруари, ќе можат да се пријавуваат преку посебен пункт во управните служби на МВР, како и преку интернет-платформа што ќе биде дополнително воспоставена. Во подготовка е и мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат нелогичности и технички пропусти.