Тошковски ќе го награди полицаецот кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

од Nikola Popovski
54 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека министерот Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречил девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа бил повреден од ножот кој таа го држела во раката.

„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.

Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, потенцирал министерот.

Тошковски уште еднаш го нагласи фактот дека вистинска сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.

Слични содржини