Тошковски ќе се сретне со Дачиќ на ГП „Табановце“

од Nikola Popovski
127 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во 12 часот на интегрираниот граничен премин Табаноце-Прешено ќе се сретне со потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Според информациите, за време на обиколката на граничниот премин, министрите Тошковски и Дачиќ ќе ја поддржат и промовираат кампањата „Вози одморен“ што на овој премин заеднички ја спроведуваат Советот за безбедност на сообраќајот на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија.

По посетата на граничниот премин, предвидено е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

Слични содржини