Македонија не заслужува да биде држава ако на крајот на денот немаме правда за Кочани, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за големата трагедија што ја снајде државата. Министерот, сепак, жали за, како што вели, политички лешинари кои што прават груба манипулација на фактичката состојба.
-Како се обидуваат да ја извртат фактичката состојба и како се обидуваат да ја изманипулираат македонската јавност. Нека им служи на чест, рече министерот во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.
Според него, се води неселктивна и темелна истрага во која опфатени се поранешни градоначалници, поранешни и сегашни министри, поранешни и сегашни инспектори, поранешни и сегашни началници, полициски службеници…
-Со затворањето на двете истраги (онаа од ОЈО ГОКК и ОЈО) и поднесување на обвинение, македонските граѓани ќе можат да видат што, зошто и како е преземено од страна на ЈО. Мое лично мислење е дека досега ЈО добро ја води истрагата. Сметам дека правда мора да видат семејствата на трагично загинатите и секој еден македонски граѓанин, кажа меѓу другото Тошковски.