Тошковски: Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија и Албанија

од Nikola Popovski
418 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите, информира дека македонскиот пасош со старото уставно име се употребува во Германија, Швајцарија и Албанија, но дека не може да се употребува во Македонија.

-Поради тоа ги повикувам пратениците да постапат по предлог-законот што го доставив и да помине како што помина Законот за возачките дозволи. Граѓаните нека судат и нека видат кој работи. Даваме максимум од себе, рече денеска Тошковски пред новинарите, по свечената церемонија по повод одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Како што истакна, пристигнале 20 илјади обрасци за патни исправи, но бара да се постави соодветно прашања до сите надлежни институции, зошто сме во оваа ситуација со обрасците.

Слични содржини