Тошковски: Мило ми е кога министер ќе направи прекршок, „Безбеден град“ го констатира дека е сторен

За реакциите на дел од албанските партии во земјава дека опомените пристигнувале само на македонски јазик, министерот денеска во изјава за медиумите истакна дека „со отпочнување на формалната димензија од следната година, записниците ќе ги доставуваат согласно закон“

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин/МИА

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека опомени од системот „Безбеден град“ стигнуваат и за полициски службеници кои сториле сообраќаен прекршок. Потсети дека и неговото приватно возило беше детектирано од системот и вели дека „искрено ми е мило кога прекршок ќе стори и министер, системот констатира дека прекршокот е сторен“.

Тошковски сепак истакна дека одредени возила имаат потреба да постапуваат согласно ургентни ситуации како полициски возила, возила на Брза помош и возила на Противпожарна бригада при преземање на дејствија.

Првата фаза на имплементација е Скопје, Тетово, Куманово и Коридорите 8 и 10Д и тоа ќе се заврши заклучно со 1 февруари 2026. Тошковски очекува до крајот на следната година, системот да биде спроведен низ цела територија на Македонија.

За реакциите на дел од албанските партии во земјава дека опомените пристигнувале само на македонски јазик, министерот денеска во изјава за медиумите истакна дека „со отпочнување на формалната димензија од следната година, записниците ќе ги доставуваат согласно закон“.

-Во рамки на информацијата што се доставува, избрано е техничко-најекономично и најпрактично решение, додаде првиот полицаец во државата.