Тошковски најавува отворање на нови ленти на „Богородица“

од Nikola Popovski
20 прегледи

„Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај“. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференцијата со литванскиот колега Владислав Кондратович по потпишувањето на договорот за реадмисија меѓу двете држави.

Тошковски рече дека за во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин, како што тоа во моментов тоа го прави Грција.

-Бев на ГП „Богородица“ при што констатиравме дека има услови за подобрување на граничниот надзор односно можеме да ставиме во функција уште две ленти за излез и уште една лента за влез во делот на товарниот сообраќај. Во иднина сме фокусирани на создавање на уште еден дополнителен дел како што го имаат Грците и тоа посебен за товарен сообраќај. Размислуваме во насока во целост да го тргнеме од моменталниот начин на функционирање на „Богородица“, рече Тошковски.

Слични содржини