Тошковски најавува затворање на нелегалниот забавен парк пред СЦ „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski
426 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека ќе биде затворен приватниот забавен парк на тревникот пред салата „Борис Трајковски“ во скопската населба Карпош.

-Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024г. Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.

Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите, објави министерот на социјалните мрежи.

Претходно од Град Скопје информираа дека фирма од Чаир регистрирана пред еден месец, без дозволаи без потребна документација која гарантира безбедност, монтирала панорамско тркало и други реквизити во Карпош.

Од „Дизниленд реквизити“ посочиле дека ги имаат сите потребни гаранции и потребни тестови за поставување на опремата и исто така правен договор со приватното лице на земјиштето дека овој простор ќе го користат еден месец.

Слични содржини