Тошковски не верува дека во моментов има незаконско прислушување

И таму (безбедносните служби) затоа се бираат луѓе кои што треба да имаат повисок степен на авторитет, легитимитет, морал, етика. Љубов кон државата..., вели Тошковски

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Фејсбук

Јас немам никаква информација и не верувам искрено дека има какви било институционални злоупотреби моментално поврзани со незаконско прислушување, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за наводите за прислушување, освен оние кои јавно се споделени од АНБ.

Тој во интервју за „РСЕ“ посочи дека безбедносните служби секогаш имаат одреден степен на специфичност во рамки на нивната работа.

-И таму затоа се бираат луѓе кои што треба да имаат повисок степен на авторитет, легитимитет, морал, етика. Љубов кон државата, кон демократски систем и сето она што би требало да е клучно за избор на луѓе кои работат во такви институции. Дали во секој систем би можело да постои можност за злоупотреба? Да. Но не верувам дека денес има злоупотреба спротивно на закон да биде слушан било кој новинар, јавен функционер или кој не може да се поврзе со сторување на кривично дело. Искрено не верувам, рече меѓу другото Тошковски, запрашан дали верува дека и него незаконски не го прислушкуваат во моментов.