Тошковски очекува подостапни полицајци на терен со донесените Закони за полиција и внатрешни работи

од Nikola Popovski
26 прегледи

По обвинувањата на опозицијата за измените во Законот за полиција дека се тргнува по стапките во времето на владеењето на екс-премиерот Никола Груевски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека не сака да ја коментира опозицијата.

-Таа продолжува да работи спротивно од интересите на македонските граѓани. Резултатите од нивното неработење и нефункционирање ќе се покажат за брзо и на локалните избори. Во однос на сите обвинувања за Законите за полиција и внатрешни работи, најодговорно тврдам дека ниту едно обвинување не е вистина. Напротив, ќе придонесеме за зголемување на професионализацијата  во МВР, обезбедуваме законски предуслови за подобрување на работата на полициските службеници. Законот ќе стапи во сила за девет месеци отсега, а македонските граѓани ќе ги видат резултатите. За година дена отсега ветувам многу повидлива полиција на терен и многу подостапка од тоа што ја имаме досега заради и тоа ќе го овозможи законодавецот. Целта е да се доближиме до граѓаните. Ќе се видат придобивките од двата закони, кажа Тошковски при промоцијата на „Безбедно во лето – Вози одморен“ – кампања на МВР и РСБСП.

По донесувањето на Законите во Собранието, поранешниот прв полицаец во државата и актуелен пратеник, Оливер Спасовски порача дека измените се направени заради партиски потреби и притоа, како што вели, освен политичка корист, не се добива ништо за подобрување на функционалноста ниту пак за правата на вработените во МВР.

Спасовски: Носењето на Законите за полиција и внатрешни работи укажува на едно време кога полицијата и нејзините ресурси беа целосно во функција на партијата

Слични содржини