Тошковски: Од среда нов пункт за фотографирање, во МВР има само две машини за печатење на пасоши

од Nikola Popovski
373 прегледи

Факт е дека во месец февруари, во рамки на Скопје се фотографирани над 75 илјади луѓе, информира денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него, ако не се смени законската одредба која што го регулира начинот на гласање и на идентификација, ќе се крши правото на глас.

-Овие 100 илјади луѓе се резиденти и живеат на територија на Македонија. Сите се со право на глас и се чисти македонски граѓани, а немаат важечка лична карта, но со активен пасош со старото уставно име. Државата не може да им издаде соодветна документација бидејќи огромна е бројката. МВР веќе изготви информација до Влада и се надевам дека ќе се вразумат и ќе предложат до Собранието, самите да го решат проблемот. Имаме информација дека ДИК донела одлука и дала предлог во насока да се реши ова прашање. Не знаевме до пред некој ден за оваа бројка кои го губат правото на глас, а имаат активна патна исправа која нема да важи после 12 февруари 2024, рече техничкиот министер во емисијата на „Слободен печат“, за проблемот со кој над 100.000 граѓани во Република Македонија може да им биде одземено основното право на глас на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Информира дека околу 600 илјади патни исправи остануваат да бидат променети.

Според него, фактот е дека МВР има две машини за печатење на пасоши, а луѓето кои што печатат работат и по 10 часови и работат и за време на викенди. Дециден дека решението е да се смени законот.

-Од среда започнуваме со нов пункт кој што ќе се отвори во Центарот за обука во Идризово. Таму капацитетот е четири базни станици. Почнуваме со една смена затоа што луѓето кои што треба да работат прво треба да бидат обучени. Од 250 до 300 луѓе ќе можат да се фотографираат за почеток, обелодени Тошковски.

Слични содржини