Тошковски одговори со прашање на обвинувањата: Дали полигонот за полагање во Пелагонија е на позната фамилија блиска до СДСМ?

од Nikola Popovski
169 прегледи

По наводите на опозицијата за наместен тендер за испитниот центар во Битола, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека е добро што МВР кога ги објавува огласите, наведува кои се основните услови кои треба да ги исполнат апликантите за да ги добијат огласите.

-Добро е што притоа не наведува од која политичка партија треба да бидат. Исто така, јас би поставил едно прашање: дали е точно дека полигонот, врз основа на кој што едната фирма ги исполнила условите, а другата фирма не ги исполнила и учествувале во огласот е на една позната фамилија која што во минатото беше претставник на СДСМ во рамка на локална и централна власт? Ако им е толку битно кој од која партија, дали фамилијата од СДСМ, и тоа како моќна фамилија во рамки на реонот Преспа е онаа фамилија која што одлучила кој ќе го добие тендерот? Заради тоа што огласот кој што е објавен и врз основа на Правилникот, во одредени територии мора да има одредени испитни центри и полигони, каде што ќе треба секој што сака да полага, во рамки на територијата да ги врши полагањата и обуките. Дали е точно дека фамилијата која била доста значајна за СДСМ е сопственик на полигонот, праша Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање.

СДСМ обвини дека под раководство на Тошковски, МВР доделило милионски тендер за организирање возачки испити во пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“, зад која стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ, советникот во Општина Кичево – Филип Митрески.

-Оваа фирма е регистрирана само три месеци пред распишување на тендерот. Смрди на корупција и на претходно договорени дилови, рекоа од најголемата опозициска партија.

Слични содржини