Првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информираше дека МВР веќе е во фаза на спроведување на „Сејф сити“. Во прва фаза ќе биде во Скопје, Куманово и Тетово, а во втора фаза системот ќе се имплементира низ цела Македонија. Од Штип, Тошковски појасни дека градот добил 200 камери кои ќе имаат друг степен на употребливост и нема да бидат врзани со „Сејф сити“.
Запрашан за повеќе опожарени возила во истокот од Македонија, меѓу кои и на бившиот началник на СВР Штип, Тошковски истакна дека добар дел од оние кои што сториле ваков тип на кривични дела, се откриени и се расветлени дел од случаите.
-Подигањето на капацитетите на МВР во делот на видео-надзорот и поддршката од општините со сопствени инвестиции во видео-надзорот, ќе го подигне степеност на безбедност. Сум сигурен и дека во иднина со зголемување на капацитетите, посоодветно ќе одговориме на предизвиците од овој тип. Макотрпно работиме. Добар дел од оние кои преземаат ваков тип на кривични дела, со други методи се расветлени случаите и така ќе продолжиме и во иднина. Ако можевме во една акција да разбиеме и да расветлиме 8 убиства кои што претходно не ги расветлиле 30 години наназад, сметам дека ќе одговориме соодветно и на ваквите криминалци, рече министерот.