Тошковски отворил дисциплинска постапка за помошник-министер во МВР

Иако внатрешната контрола при МВР утврдила дека двајца помошници потфрлиле во менаџирањето со личните документи уште од 2019 година, за едниот веќе е истечен рокот да се поднесе дисциплинска

од Бети Божиноска
231 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, отпочна дисиплинска постапка за еден помошник-министер во МВР, поради пропусти во нарачките на обрасци и динамиката на испорака на личните документи.

Иако внатрешната контрола при МВР утврдила дека двајца помошници потфрлиле во менаџирањето со личните документи уште од 2019 година, за едниот веќе е истечен рокот да се поднесе дисциплинска,“ информира министерот кој не ги обелодени имињата, но соопшти дека извештаите на внатрешната контрола ги поднел и до Обвинителството.

„Овие пропусти се точно утврдени дека се сторени од страна на двајца помошници-министри во МВР, со тоа што во рамки на извештајот е предложено да се отпочне и е отпочната дисциплинска постапка спрема еден помошник министер за пропустите сторени во рамки на неговото работење,“ посочи Тошковски во изјава за „Сител“.

Од Обвинителството соопштиле дека извештајот е примен во ОЈО Скопје и е приклучен кон предметот по кој веќе се постапува во врска со издавањето на личните документи.

Слични содржини