Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека претходно на полициските службеници, како надоместок за хранарина, во црни вреќи им биле давани сув леб, паштети и други тип на прехрабени производи.
Тошковски истакна дека полицајците со право тужеле и тоа, вели, пак на крајот на денот ќе го платат граѓаните.
-Преку 8000 тужби само за 3 години, не знам колку имало претходно. Овие тужби за хранарина нема да ги имаме односно надоместок утврден согласно закон и Колективен договор, ќе биде исплаќан. Во рамки на она што требаше да се подготви како легислатива, го изменивме и го ставивме во функција. Обезбедени се средства и надоместокот се исплаќа. Тужби од овој тип повеќе нема да има, рече Тошковски на прес-конференција во Владата по повод 100 дена нова Влада.