Тошковски: Протестите во Скопје беа организирани од опозицијата

од Љубиша Владимиров
170 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази сомнеж во искреноста на протестите што се одржаа во Скопје по повод трагедијата во Кочани. Тој тврди дека родителите на загинатите биле “организирани” од страна на опозицијата, без да прецизира кој конкретно. Според Тошковски, протестот бил поврзан со денот кога Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа, и дека дел од учесниците не знаеле дека се одржува интерпелација за министерот. Во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“, Тошковски истакна дека таквото дејствување е обид за политички профит на сметка на трагедијата и го нарече опозицијата “политички лешинари”.

Слични содржини