Тошковски со одговор дали Арсовска ќе добие обезбедување поради заканите

од Nikola Popovski
34 прегледи

Околу целата ситуација со градоначалничката Данела Арсовска која обвини дека добива закани по живот откако почна да обелоденува случаи со дивоградби во општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека „добро е секој еден во Македонија да си ја работи работата за која зема плата“.

-Добро е тоа да го прават цел мандат – од почеток кога ќе бидат на функција и граѓаните на крајот да дадат оценка за тоа како си ја сработиле работата. Работата на градоначалничката и останатите градоначалници е да постапат според Закон за градење во делот на нивна надлежност и да вршат контрола што се гради. Работата на МВР е да постапува согласно наредби на суд. Има процедура како се утврдува дали постои сериозна закана, како Министерството треба соодветно да реагира, како Обвинителството треба да реагира, како судот треба да реагира на таков тип дејствија што се преземаат како процесни дејствија во рамки на сите чекори, рече Тошковски запрашан дали можеби Арсовска ќе добие обезбедување поради заканите.

Повтори дека секој треба да си ја работи работата за којашто е платен согласно закон и по можност, истакна, да не е тоа за циркус и парада.

-Ова што го гледа македонската јавност е исклучиво само циркус и парада пред локални избори. Да беше во рамки на првите година дена, ќе беше за поздрав, и ќе беше навистина искрено, го препознава народот тоа, овој народ препознаав кога нешто е искрено и препознава кога нешто е заради циркус. Овде ние не говориме за желба да се стави ред во Македонија, овде говориме за парада и циркус, а МВР ќе постапи неговите надлежности како што постапувало и секогаш досега, наведе Тошковски.

Слични содржини