Тошковски: Треба да се гордееме со „Тигрите“ и во иднина уште повеќе да се инвестира во нивен раст и развој

од Nikola Popovski

Денеска (01.03.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети најелитната специјална единица во рамки на Министерството за внатрешни работи – Специјална антитерористичка единица „Тигар“, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи.

Во кругот на единицата Тошковски ја посети и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект.

Слични содржини