Тошковски: Вчера имаше негативна атмосфера во Собрание, никој не ми кажа да се фотографирам со останатите министри

од Nikola Popovski
377 прегледи

Новоименуваниот прв човек на МВР како дел од техничката Влада, Панче Тошковски оценува дека на вчерашната седница на изборот на новата влада, имало негативна атмосфера и негативно опкружување.

-Имаше негативна енергија и кога седевме внатре и кога се говореше од говорницата. Имав замерки зошто не сум отишол за да се фотографирам со останатите министри. При сета гужва, никој не ми пристапи да ми каже: ве молиме за фотографија. И да ме повикаа, немаше да се сликам затоа што сметам дека премиерот на начинот кој што беше процесуиран, не е легитимен и е избран на нелегален начин, рече Тошковски во интервју емитувано на МРТВ.

Според него, доколку е приоритет да присуствува на седница на Влада, ќе биде дел од владината седница.

Тошковски не одговори кој ќе биде началник на СВР Скопје, со оглед дека министерот има надлежност да го именува, со оглед на одредбите од Законот за Влада.

Слични содржини