Благодарност до колегата Дачиќ за топлиот прием. Овде се чувствуваме како да сме дома. Имавме одлична средба во текот на денешниот ден и разменивме искуства и информации во насока на силна полициска соработка меѓу двете земји, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски при посетата на Србија.
За нас е круцијално, вели Тошковски, да можеме да можеме во заедничка соработка да делуваме против криминалните групи и да се справиме со организираниот криминал.
-Фокусот на разговорите беа и подобрување на соработката во делот на граничните премини. Оценивме дека можеме да ја подобриме френквенцијата на луѓе и возила во рамки на премините. Се договоривме да формирана работна група и дека за краток период ќе дадеме резултати кои ќе не доведат до проверки на една позиција, а не на две, како што е досега. Во суштина да го примениме „One stop“ за проверка на нашите државјани, кажа првиот човек на македонската полиција од Белград на прес-конференцијата со српскиот министер Ивица Дачиќ.
Тошковски информира дека четворица полицајци од Србија ќе се упатат во Македонија во текот на август, со цел да делуваат на подрачјето на Охрид каде ќе има поголема френквенција на српски туристи.