Тошковски-Вучевиќ: Србија нема ниту едно отворено прашање со Македонија

од Nikola Popovski
397 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во Белград остварил средба со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Како што информира Тошковски, на средбата изразил благодарност за одвоеното време и топлиот прием и потенцирал дека Србија е сосед кој е секогаш тука за нас кога е потребно што многу пати во минатото е потврдено, а особено неодамна кога беше испратен српски хеликоптер да помогне во гасењето на пожарите.

-Исто така посочив дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина.

Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо значење за негување на одличните односи меѓу двете земји. Воедно потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст секогаш ќе бидат наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат.

Исто така го поздрави и назначувањето на министер од српската заедница во македонската Влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи, порача првиот полицаец во државата.

Слични содржини