Тошковски за скандалот со братот на Стефковски: Сообраќајци си имале тефтерчиња…

од Nikola Popovski
2,1K прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера ѝ се заблагодари на СДСМ што го отвори скандалот со братот на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој возеше брзина поголема од дозволената на скопските булевари и притоа „фаќаше врски“ за да не плати казна.

-Претпоставувам дека дел од опозицијата знаеле за вакви работи и претходно, ама тогаш си ќутеле, ама добро е еднаш да се отвори оваа Пандорина кутија. Ај што полицискиот службеник не му пишал на оној кој што требало да му пише…Тој го казнил, си дојде во полициска станица, си призна и си плати казна. Сега ќе оди на суд и ќе му изречат забрана за возачката дозвола. Проблем е што како виновен, баш за тој прекршок ставил лице со матичен број и име и презиме кое што нема никаква врска со предметниот настан. Никаква врска. Ај што не е првпат туку и познато е тефтерчето на полицаецот. Оние сообраќајци кои што не си ја работат професионално работата, си имале тефтерчиња во кои си ваделе рандом луѓе – кога сакале или не сакале да завршат работат на некого. Оди после разбери се на суд. Придобивката од „Сејф Сити“ е што има фотографија. Го слика возачот и возилото – нема бегање, рече вчера Тошковски во емисијата „Само интервју“.

Според Тошковски, информациите од Одделот за внатрешна контрола посочуваат дека двајцата полицајци – сообраќаецот и началникот тврдат дека никој не им се јавил.

-Истрагата не е завршена и ќе видиме како ќе биде, додаде министерот.

Од СДСМ претходно објавија видеоснимка за која рекоа дека е од полициски радар, а на која се гледа како братот на градоначалникот на Општина Гази Баба, вози со преголема брзина, а притоа полицијата, иако го регистрирала и го сопрела, сепак, не го казнила. Според информациите до кои дошла партијата, за само една минута откако е застанато возилото, началник на МВР, кој според нивните информации не ни бил во земјава, им се јавил на полицајците и им дал наредба братот на градоначалникот да не биде казнет, а бидејќи прекршокот веќе бил евидентиран, наредено им било казната да ја запишат на друго лице.

Слични содржини