Тошковски за случајот Ристов: Соѕиданите 350.000 евра е значителна сума која што ретко кој бизнисмен и граѓанин може да си ја дозволи

Министерот за внатрешни работи не сакаше да открие повеќе детали дали пронајдените пари се од поткуп, поврзан со конкретни случаи на кои работел судијата

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Фејсбук/МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сакаше да соопшти многу детали околу истрагата за случајот со судијата Ѓоко Ристов. Тој истакна дека најдените соѕидани 350 илјади евра во дом на судија е значителна сума на финансиски средства, која што ретко кој граѓанин или бизнисмен може да си ја дозволи, а камоли носител на јавна функција.

Тошковски не сакаше да открие дали пронајдените пари се од поткуп поврзан со конкретни случаи на кои работел судијата. Toj во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на МВР, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.

Слични содржини