Тотален хаос: 10.000 камионџии сè уште чекаат да влезат во Франција, се судрија со полицијата (видео)

од Nikola Popovski
324 прегледи

Тензии на пристаништето Довер избувнаа утрово кога стотици лути возачи на камиони заглавени два дена пред пристаништето се судрија со полицијата.

Околу 10.000 камионџии се блокирани со денови во Англија пред пристаништето Довер, откако Франција ја укина забраната за влез во таа земја, но со негативен тест за Ковид-19.

Бесни што најверојатно нема да можат да го слават Божиќ со своите семејства, камионџиите се обидоа да се пресметаат со полицијата која го чува пристаништето. Можеле да се слушнат извици од типот на: „Отвори ја границата“, „Сакаме да си одиме дома“ и „*би се Борисе!“.

Британските власти организираа брзо тестирање на возачите кои сега треба да ги чекаат резултатите за да можат да преминат, а бидејќи повеќе од 4.000 возачи чекаат со денови за тестирање, големи се шансите да не пристигнат дома за време на празниците.

https://twitter.com/itsnotheory/status/1341684620434280448

Новиот вид на коронавирус откриен во Велика Британија, кој се карактеризира со голема стапка на пренесување, ги збуни експертите и предизвика значителна паника низ целиот свет.

Слични содржини