Тотенхем го отпушти Почетино

од Aleksandar Petrovski
354 прегледи

Тотенхем официјално соопшти дека Маурисио Почетино повеќе не е тренер на лондонската екипа.
Аргентинецот го напушти клубот по пет години.


„Не ни беше сеедно во донесување на оваа одлука. За жал резултатите во Премиерлигата на крајот на минатата сезона и почетокот на оваа беа исклучително разочарувачки. Имавме моменти за паметење со Маурисио и неговиот стручен штаб, но одлуката ја донесовме во интерес на клубот“, изјави претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

Тотенхем освои само 14 бода во 12 одиграни меча во најелитното англиско натпреварување.