Тотенхем го задржа Сон, прави обиди и за Кејн

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин, во петокот потпиша нов четиригодишен договор, кој ќе го задржи во тој клуб до 2025 година.

29-годишниот фудбалер постигна 107 погодоци на 280 натпревари за клубот откако пристигна од Баер Леверкузен во 2015 година.

„Тоа беше лесна одлука. За мене беше голема чест да играм овде шест години. Клубот ми покажа огромна почит и среќен сум што сум тука “, изјави Сон. Финансиските детали за новиот договор не се објавени.

Сон одигра 93 натпревари за репрезентацијата на Јужна Кореја и постигна 27 погодоци.

Тотенхем минатата сезона ја заврши на седмото место во Премиер лигата, а во новата сезона влегува со новиот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Клубот исто така ќе се обиде да го задржи Хари Кејн, главниот играч и напаѓач на тимот, за чие заминување се шпекулираше веќе некое време, поради отсуството на трофеј.

 

Слични содржини