Тотенхем и официјално остана без менаџер, Конте се враќа во Лондон?

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Португалскиот стручњак Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Тотенхем кој си заминува по само четири месеци на клупата на „петлите!“

„Капката што ја прелеа чашата“ е саботниот пораз од Манчестер Јунајтед на домашен терен со резултат 3:0, со напомена дека Тотенхем во 10 кола забележа пет победи и исто толку порази. Интересно, сезоната ја почнаа со 3/0 и без примен гол, а потоа дојде кризата.

– Знам колку Нуно и неговиот стручен штаб сакаа да успеат и жалам што моравме да ја донесеме оваа одлука. Нуно е вистински џентлмен и секогаш ќе биде добредојден овде. Ви благодариме за се и им посакуваме многу среќа во иднина – изјави директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи.

Се уште не се знае кој ќе го наследи Португалецот, но во моментов најголеми шанси за тоа има италијанскиот стручњак Антонио Конте, кој беше прв пик за менаџерската позиција на Јунајтед.

Да потсетиме, Италијанецот го предводеше Челси, со кој ја освои титулата.

Слични содржини