Тотенхем ја плати откупната клаузула за Кулушевски

од Vladimir Zorba

Тотенхем е подготвен уште сега да ја плати откупната клаузула за Дејан Кулушевски. Швеѓанецот летото беше ангажиран во Јувентус и веднаш стана клучна фигура на „мамузите“ со 3 гола и 6 асистенции на 12 натпревари во Премиер лигата. Ова е причината зошто газдите на клубот се крајно импресионирани од него и веќе размислуваат да го привлечат трајно, пишува „Evening Standard“.

Тотенхем би можел да ги откупи правата на Кулушевски за 24,9 милиони фунти по крајот на сезоната 2022-2023. Оваа сума може да достигне и до 29 милиони фунти во зависност од перформансите на играчот и дополнителните бонуси што може да ги активира.

„Спарси“ планираат да платат 24,9 милиони фунти на крајот на тековната кампања, со што ќе заштедат неколку милиони во бонуси. Менаџерот Антонио Конте, исто така, е многу задоволен од 21-годишниот Швеѓанец со македонско потекло и дал „зелено светло“ за зделката.

Пред да дојде во Тотенхем, Кулушевски мина две сезони во Јувентус, забележа 74 натпревари и 9 гола и 10 асистенции за клубот. Тој е и репрезентативец на Шведска со 22 натпревари и 1 гол за „Тре Кронур“.

Слични содржини