Тотенхем потврди уште еден трансфер

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Тотенхем и официјално го објави потписот со десниот бек Џед Спенс, за кого ќе плати на второлигашот Мидлсброу 12,5+7,5 милиони фунти. Договорот на играчот е до летото 2027 година.

Начинот на кој „Спарс“ го објавија неговиот трансфер е љубопитен. Со оглед на тоа што Спенс е шестото ново засилување на тимот за ова лето, па оттука искористија игра на зборови – Шестата Спенс, поврзана со култниот филм „Шесто сетило“. Неколку минути претходно, Тотенхем повторно си поигра со името на играчот, пишувајќи дека е „време да заврши неизвесноста“.

Минатата сезона, 21-годишниот Спенс играше како отстапен во Нотингем Форест и беше едно од откритијата на Чемпионшип. Тој запиша вкупно 46 настапи со 3 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања за тимот, а најмногу е заслужен за нивното враќање во Премиер лигата со победата во плеј-офот за промоција.

Во март, младиот дефанзивец дури освои месечни награди во второто ниво на англискиот фудбал, освојувајќи ги за играч на месецот, за гол на месецот и за млад играч на месецот.

На крајот од кампањата, тој беше вклучен во тимот на сезоната во првенството и од Фудбалската лига и од Здружението на професионални фудбалери.

Во март тој дебитираше за младинската репрезентација на Англија.

Слични содржини