Тотенхем потврди за повредите на Кејн и Али

од Vlatko K
102 прегледи

Непријатната вест за Тотенхем доби официјална потврда синоќа. Голгетерот на тимот Хари Кејн ги
пропушта сите натпревари до крајот на сезоната, бидејќи има оштетување на лигаментите на
глуждот на левата нога по дуелот со Фабијан Делф за време на првиот четвртфинален дуел во
Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Манчестер Сити.


Сигурно Кејн ќе треба да одмара повеќе од еден месец, иако од клубот се уште не определиле
конкретен рок за неговото закрепнување.

Тотенхем потврди и за повредата и на друг клучен фудбалер на „петлите“ – Деле Али, кој има
фрактура на левата рака. Според клубот сепак се уште има шанси халфот да игра викендов во
дуелот со Хадерсфилд.