Тотенхем убедлив против Бодо, Јунајтед потсети на старите денови

од Nikola Popovski
29 прегледи

По првите натпревари од полуфиналето на Лигата на Европа, се чини дека сме на добар пат да добиеме сеанглискo финале.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед отидоа во Баскија мислејќи дека ги чека тешка задача, но се враќаат во Англија со три гола предност. Иако голот на Алехандро Гарначо беше поништен поради офсајд во шестата минута, немаше спас во 30-тата минута откако Касемиро ја затресе мрежата на шпанскиот тим.

Седум минути подоцна, Бруно Фернандес, по прекршок на Вивијан за кој доби директен црвен картон од пенал, постигна гол за 2:0, а истиот играч во последните моменти од првото полувреме го зголеми резултатот на 3:0 за Јунајтед, што беше и конечниот резултат.

Друг англиски тим, Тотенхем, забележа победа од 3-1 над Бодо Глимт со головите на Бренан Џонсон во првата, Џејмс Медисон во 34-тата и Доминик Соланке во 61-вата минута од натпреварот.

Урлик Салтнес во 83-тата минута од мечот донесе надеж кај Бодо дека можат да постигнат чудо на домашен терен на реваншот во Норвешка и да се пласираат во финалето.

Реваншите се наредниот четврток.