Тоти ја отвори душата: „Паднав во депресија, татко ми почина. Мојата сопруга ме изневеруваше и никогаш повеќе не бев истиот“

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Познатиот поранешен италијански фудбалер Франческо Тоти откри неколку потресни детали од неговиот приватен живот. Шампионот на Светското првенство во 2006 година со Италија, кој целата своја кариера ја помина во Рома, беше во брак со Илари Блази 17 години. Тој откри како дошло до разводот и кои биле причините.

– Поради коронавирусот го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што никогаш претходно не го направив, и ги најдов пораките. Не можев повеќе да спијам, ништо не беше исто“, откри во една прилика Италијанецот за тамошните медиуми.

Со поранешната сопруга има три деца – Кристијан, Изабел и Шанел. Блази, во меѓувреме, почна да се забавува со германскиот претприемач Бастијан Милер.

– Мојата сопруга, кога ми беше најпотребна, ја немаше. Ми стигнуваа гласини: „Слушај, Илари има некој друг“. Во реалноста имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле ова 20 години, а потоа почнав да добивам предупредувања од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш погледнав во нејзиниот телефон и видов порака од посредник помеѓу Илари и трето лице. На него пишуваше „Се гледаме во хотелот“ – објасни Тоти.

После тоа влегол во љубовна врска со Наоми Боки, а како што рекол никогаш не ја изневерил поранешната сопруга.

– Имаше многу гласини дека сме се изневерувале, но не. Факт е дека паднав во депресија… Се преправав дека се е во ред, но тоа не бев јас. Излегов од депресија благодарение на Наоми. – заврши Тоти.

Слични содржини